Mediantrop broj 13
Зоран Стефановиќ – Враќањето на самоуверениот сподвижник
Зоран СтефановиќПредговор књизи: Горан Тренчовски, ТЕЗИ И АСКЕЗИ (есеји), "Феникс", Скопље, децембар 2015.
Стратегијата на сопственото и колективното освестување која Горан Тренчовски – мултимедијален режисер и културен работник – ја спроведува во својот креативен процес, ја расветливме пред некоја година.* Начинот беше толку успешен што уште не добил деманти, а јас понекогаш и самиот му се враќам на тој мал текст, обидувајќи се да разберам што сум видел тогаш. А тоа денес ни е уште попотребно – на планетата која Горан и јас сме ја предвиделе пред четврт век.
Но Горан, тој самоуверен сподвижник, во новата книга огледи, студии и есеи, со своите тези и последичните аскези, не повторува трикови. Се занимава навидум со простодушности: со местата на древните митови, со односот на книжевноста и драмските уметности, со разгледување на културниот дух на македонската и соседните салати...
Тој, значи, се враќа. Но сега, во согласност со побрзото време, нурка подлабоко и подрско во длабочината на идентитетот, на нашите ментални химери. Тој ги симнува тие слоеви како кај лакот, каде што во непостојното јадро остануваат само оние солзи кои ги споменува Милорад Павиќ.
Но солзите се лековити. Сè ќе се преиспита, претопи и прекали. И праисторијата и сегашноста, и словенството и балканството, и машкоста и женскоста, вечното дете во нас и змијата околу нашиот семир-куќа свиткана.
Антропологијата и геокултурата ни кажуваат (низ геопоетика?) дека вистинитите лаги и лажните вистини на нашите животи одамна се мртви, истрошени. Кога и да стигне ова спознание до насловните страници на нашите селски таблоиди, ќе остане податокот дека и во Македонија некој веќе долго време ова однапред го зборувал.
Затоа, секоја книга на Тренчовски е временска капсула. Врз нејзина основа ќе може некогаш да се проценува човековата и интелектуалната мера на нас денешните.
И сите наши опседнатости, неодгатнати тајни на наследениот простор. Дури и кога ѕвездите ги нишаневме со детски лакови и стрели, и се боревме да останеме вечни дивјаци, слободари нерасипани од лошата култивација.
Во сремски Белград, 29 ноември 2015 г.,
таму каде што била Методиевата владичка столица
* Зоран Стефановиќ, „Уметникот е научник на метафизичкото: Режисерскиот метод на Горан Тренчовски како спознание на големиот притисок", во: Горан Тренчовски, КИНО НЕИМАР, Македонска реч, Скопје, 2011, 137–138 стр.