Mediantrop

object349757056

Mediantrop broj 13

Ивана Васева

Ivana VasevaIvana VasevaИвана Васева (1984, Македонија) дипломирала на Факултетот за историја на уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Има специјализирано во областа на кураторството на Кураторската програма (2011/2012) на de Appel arts centre во Амстердам, Холандија. Била една од учесниците на проектот „Расшколувано знаење“,колективно самообразование во уметноста и културата (во организација на „Теорија која Хода“ од Белград и „Контрапункт“ во Скопје).

Таа е дел од тимот на непрофитната органиација ПРОЕКТЕН ПРОСТОР ПРЕС ТУ ЕГЗИТ (press to exit project space) од Скопје, работи и независно иницирајќи кураторски проекти а претходно има работено како новинарка во дневен весник во Македонија.

Досега била куратор на изложбите: ПЕТ ВАРИЈАЦИИ НА СТАТИЧНОСТА: ТИШИНА (Скопје, 2013), кокуратор на „Уметникот и диктатурата“ (2013, Скопје), SKOPJE: THE ULTIMATE GOLDEN COLLECTION OF PERSONAL MEMORIES 1960 -2010 vol 1/СКОПЈЕ:ВРВНА КОЛЕКЦИЈА НА ЛИЧНИ СЕЌАВАЊА 1960 – 2010 вол.1, (Скопје, 2012), регионалната конференција „СЕЌАВАЊЕ НА ЕДЕН ГРАД: Микроутопии и стварности“ (Скопје, 2012) и други проекти и изложби.

Моментално, заедно со Филип Јовановски и Јованка Попова се куратори на долгорочниот проект „ЖИВИ БИБЛИОТЕКИ: архиви на граѓанска непослушност“ кој се одвива во повеќе градови низ Македонија.

PRETHODNI BROJ: MEDIANTROP BROJ 12